Македонија
Дескоска учествува на Форумот Кран Монтана во Швајцарија
Министерката за правда, Рената Дескоска, деновиве учествува на јубилејното 30. издание на Форумот Кран Монтана, кој деновиве се одржува во Женева, Швајцарија.
Годинешната тема на Форумот е со наслов „Дали мирот, развојот и стабилноста стануваат сон?“, а министерката за правда Рената Дескоска ќе се обрати на сесијата посветена на иницијативата за источномедитеранската соработка за која оваа година исто така ја одбележуваме 30-годишнината. Во рамките на истата сесија ќе се обрати и поранешниот претседател на Република Албанија, Сали Бериша.
Целта на Форумот Кран Монтана е да ја зајакне меѓународната соработка преку промоција на добри практики на меѓународна соработка и градење постојан дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучни актери и носители на одлуки.
Форумот Кран Монтана е невладина меѓународна организација, која е основана во 1986 година, и мисијата на оваа организација е да изгради подобар свет, чие мото гласи „Кон похуман свет“. На Форумот учествувал и поранешниот претседател Киро Глигоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

