Македонија
Деспотовски: Луѓето треба да ги слушаме, а довербата да ја бараме со конкретни резултати

Со средби во општинските организации во Ѓорче Петров и Аеродром продолжуваат активностите на терен на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„Дискусијата со нашите членови во Ѓорче и Аеродром се моќен потсетник за потребата од транспарентност и отчетност во нашата партија. Се заборави на потребите на луѓето. Функционерите зборуваат, а ништо не слушаат. Да не ја заборавиме 2021 година кога на луѓето им беше наредено кој ќе биде нов претседател на СДСМ. Во партија која е основана на слободарски традиции не смее да има таков диктат, ниту страв. На тоа мора да се стави крај. Нема да дозволиме повторно „готово“ решение за претседател на СДСМ. Доволно научивме од искуството со Ковачевски од 2021. На 30 јуни решаваме за радикален прекин и еден нов почеток“ рече Деспотовски.
Присутните отворено зборуваа за сите наталожени проблеми и разочарувања и дадоа конструктивни предлози за тоа како да се движи партијата во иднина.
„Само вака зборувајќи отворено може да дојдеме до вистинските решенија. Ваквите дискусии, каде се слушаме, се критикуваме, зборуваме отворено, предлагаме се клучни за нашето повторно раѓање како моќна политичка сила,“ порача Деспотовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Предлог-резолуцијата со Бугарија е штетна – ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, оцени дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен и претставува нов удар врз македонските национални позиции.
„Станува збор за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто се отвораат теми кои се веќе затворени, кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа“, изјави Костова како одговор на новинарско прашање.
Според неа, ваквиот потег му дава дополнителен маневарски простор на бугарскиот политички фактор за нови условувања.
Таа оцени дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакво влијание во Европскиот парламент, што, како што рече, се покажало и со гласањето за последниот извештај за Македонија.
Македонија
(Видео) Костова: Трошоците за живот растат, на четиричлено семејство му се потребни над 65.000 денари за основни трошоци

Граѓаните од месец во месец се посиромашни – трошоците за живот растат, а платите стагнираат. Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
Таа додаде дека за само три месеци, синдикалната кошничка е поскапа за 2.637 денари, а годишната инфлација достигнала 4,5%.
„Ова не се бројки на „четврта економија“, туку алармантни податоци за економија во колапс. Јасен, недвосмислен доказ за целосниот дебакл на економските политики на Владата на Христијан Мицкоски. И во вакви услови, додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика со „пет типови синдикални кошнички“.
Фактот дека народот нема пари не може да се сокрие со инженеринг во бројот на кошнички“, рече Костова.
Кога станува збор за функционерите, додаде таа, има пари, а за народот нема.
„Македонија е на дното по животен стандард во Европа. Време е Владата да престане со ПР и калкулации и конечно да ги прифати мерките што СДСМ ги предлага од првиот ден: зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ на храна. Ова се вистински, конкретни чекори што ќе донесат реална помош и ќе го подобрат стандардот на граѓаните“, рече Костова.
Македонија
Алиу во Тетово: 155 луѓе од Клиничката болница ќе добијат договори на неопределено време

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, во Тетово, оствари средба со 155 лица – медицински персонал и со раководството на Клиничката болница – Тетово, при што инфирмира дека, конечно, се става крај на долгогодишната неправда и ќе ги добијат договорите.
„Една институција, за да биде компатибилна и да нуди услуги, кои се квалитетни, има три неопходни столба – едниот е инфраструктурен, вториот е организациски и третиот е човечкиот фактор, за кој веруваме дека е најважен, затоа инвестираме во подобрување на капацитетот на здравствените институции. Задоволство ми е што токму првата средба ми беше тука со колегите, кои имаат еден од највиталните нерешени проблеми, а тоа е вработувањето. Некои од нив работеа и по 10 години, а други по месец или година, беа и без плата, за да бидат дел од институцијата. Денес, по еден и пол месец, задоволни сме што тие се веќе дел од Клиничката болница – Тетово, 155 вработени, чии процедури административно ги завршивме. Сега крајниот чекор е за полагање администратеивен тест за да може да се потпишат договорите меѓу директорот и вработените“, изјави министерот Алиу.
Министерството за здравство останува посветено на принципите на еднаквост, почит и институционална правда, особено кон професиите, кои се столб на здравствениот систем.