Македонија
Детали за пукањето во “Ист гејт”: обидот бил да се убие Раде Штекли, но куршумите не го погодиле

Денешното пукање во „Ист Гејт“ се поврзува со обид за убиство на Раде Трајковски – Штекли.
Неофицијално според очевидци тој се наоѓа во возило марка „ауди“ кое било блендирано.
Тој и е познат на јавноста и се поврзува со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Беше во бегство во Србија и беше екстрадиран во Македонија, а за него полицијата има водено неколку постапки.
МВР потврди дека има пукање во „Ист Гејт’ , но повредени нема.
„На 25.08.2023 околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, рекоа од МВР.
Кон него било пукано од автоматско оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.
– Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација, вели таа.
Сиљановска – Давкова упати апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип.
Македонија
Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.
Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.
Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.
Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.
Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата.