Македонија
Детско штедно осигурување на „Кроација Осигурување – Живот“
Детско штедно осигурување на „Кроација Осигурување – Живот“- радост за децата, безгрижност за возрасните.
Детско штедно осигурување е најубавиот и најинтересниот производ од палетата на штедното осигурување на „Кроација Осигурување – Живот“, кое ние секогаш со гордост им го нудиме на нашите клиенти и сме најголеми ентузијасти кога е во прашање таа полиса.
Ова штедно осигурување ја дефинира иднината на нашите најмали и најмили. Кога ќе поминат годините и ќе се јават нивните поголеми потреби ќе станеме свесни дека сме им оставиле нешто вредно со кое ќе може да се чувствуваат посигурни и потпомогнати од наша страна.
Да се биде договорувач на осигурување е веќе многу чест подарок, бидејќи вредноста на детското штедно осигурување никогаш не старее и не губи, за разлика од сите материјални вредности кои би ги купиле во моментот. Таква е и замислата, децата да можат да бидат корисници на детското штедно осигурување, почнувајќи од едномесечна возраст, па сè до 13 години.
Полисата Детско штедно осигурување, освен штедна компонента, на нашите најмали клиенти им нуди и осигурување за целото времетраење на договорот, a подарок ќе добијат и сите оние кои во средното образование ќе се стекнат со одличен успех.
Еден ден кога ќе станеме свесни дека времињата се промениле и кога нема да бидеме во можност да им го пружиме најнеопходното, на пример квалитетно образование, ново возило или отпочнување на сопствен живот, токму тогаш нивната заштеда ќе ги задоволи нивните потреби.
Тогаш ќе ја почувствуваме радоста дека како нивни „чувари“ сме ја завршиле работата во целост.
Многу поколенија ја искористија привилегијата и благодетите од нашите производи. Од нашето основање, далечната 1884 година, па сè до денес, сме сведоци на многу среќни и задоволни лица.
Дозволете да ги направиме среќни и нашите најмали.
Ваша, „Кроација“.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

