Македонија
Само еден лекар прегледува деца и возрасни сред епидемија на морбили

Хаос во ходниците на поликлиника „Јане Сандански“, каде што во попладневната смена вечерва има само еден општ лекар што ги прегледува и возрасните и децата, а има и деца кои се јавуваат на преглед со осип, сведочат пациенти за „Макфакс“.
Тие се вознемирени поради фатот што денеска Министерството за здравство објави дека има епидемија на сипаниците морбили и се зачудени зошто нема дежурен педијатар, каде што ќе се прегледуваат само децата и ќе се намали ризикот од ширење на болеста. Видлива е нервозата кај сите пациенти кои за преглед чекаат и повеќе од еден час во тесната чекалница пред амбулантата.
„Како е можно да нема педијатар што ќе се погрижи само за децата? Забележавме деца со осип и навистина се плашиме дека вака може сите да се заразиме“, вели еден од повозрасните пациенти.
Минатата недела министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од 1 јануари во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови.
Беше најавено дека овие пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит-пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи ги и лабораториите за испитување крв и урина, кои ќе работат секој ден до 23:30 часот.
Но, ноќните педијатриски пунктови засега останаа само на најава.
На денешната прес-конференција, која се одржа по координативниот состанок за справување со новите случаи на заболени од сипаниците морбили, Министерството за здравство прогласи епидемија. Препораките се однесуваа на тоа од утре децата што не се вакцинирани да не бидат носени во градинките и дека во спротивно родителите ќе бидат правно санкционирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.