Македонија
Дивоизградените платформи кои беа отстранети се враќаат во Охридско Езеро
Една од платформите поставена во Охридско Езеро која беше отстранета кон крајот на месец септември минатата година, односно по летната сезона во Охрид, а е лоцирана на плажата Канео, сега повторно е поставена на истото место. Од неа, беа извадени само штиците, но не и металната конструкција. Пред почетокот на овогодинешната туристичка сезона, платформата е повторно наместена на истото место каде што беше. Ваквиот потег создаде револт кај жителите на Охрид, но и еколошките здруженија.
Од „Охрид СОС“, вината за ова ја гледаат кај Општина Охрид и Владата, за кои сметаат дека ја лажат јавноста, но и УНЕСКО со наводно воспоставување на ред во градот.
„Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство. Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO. Секоја штица е обележана со број, знаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи“, реагираат од „Охрид СОС“.
Платформата на плажата Канео беше отстранета при спроведена акција од страна на Општина Охрид за рушење на дивоизградени платформи во езерото на потегот од „Ј’но“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

