Македонија
ДИК: Дo 17 часот одѕивот изнесува 28,83 проценти

Од Државната изборна комисија соопштија дека до 17 часот гласале 455.771 гласач или 28,83 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список, а од обработените 87,25 проценти од гласачките места. Дерковски рече дека сликата од референдумот е добра и апелира да не се дозволи да биде нарушена.
Според најновите податоци од ДИК, до 17 часот највисок одѕив има во општините Сарај или – 54,21 процент, Липково – 41,56 отсто, Центар – 40,87 отсто, Арачиново – 38,30 проценти и Карпош – 38,11 отсто. Најнизок одѕив има во Ново Село – 13,80 проценти, Илинден – 14,47 отсто и во Старо Нагоричане 16,18 проценти.
Комисијата добила неколку приговори, соопшти Дерковски, но, како што рече, сите биле одбиени бидејќи немале основ.
„Пристигнаа уште неколку приговори до ДИК, Комисијата ги разгледа и сите беа едногласно одбиени бидејќи нема законит основ да бидат прифатени“, рече претседателот Дерковски.
Се работи за луѓе што не се нашле на Избирачкиот список, менувале лични документи или не ги поседувале или, пак, не го искористиле правото да бидат запишани во Избирачкиот список, додаде Дерковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.