Македонија
ДИК: Од февруари до април задолжителна обука на избирачките органи
Државната изборна комисија на денешната седница ја усвои програмата за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори за спроведување на гласањето во Република Северна Македонија и избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство.
Покрај зајакнување на тимот за едукација, кој ќе ги спроведе обуките, со оваа програма првпат се предвидува обука на секој член на изборните органи, која ќе биде пренесена од членовите на тимот за едукација на Државната изборна комисија.
Овие обуки ќе се реализираат во период од почетокот на февруари 2020 година сè до почетокот на април 2020 година, информираат од ДИК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци, само за Орце да прави ПР трикови
Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот, истакнуваат од СДСМ.
„Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери.
Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани.
Додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција, додека нашите соседи праќаат сателити во орбитата, ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски не доведоа на тоа дереџе, на намерни блокади за да се прави П“Р.
Скопје и скојани, потенцираат од СДСМ, не заслужуваат ваков потценувачки однос туку чист, модерен и организиран град, со систем кој функционира, а не трикови за ПР употреба.
Македонија
Одржливиот избор е кул избор – втор саем на еколошки бизниси во рамки на Skopje Design Week 2025
Фестивалот Skopje Design Week 2025 се отвора со саем на еколошки бизниси, 8. и 9. ноември, во PUBLIC ROOM.
Во рамки на второто издание на Саемот, посетителите ќе имаат можност да запознаат и поддржат 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи докажуваат дека малите чекори водат кон големи промени.
По успешното прво издание во 2023 година, Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for Less повторно ја обединува македонската еко-заедница на вториот Саем на еколошки бизниси, кој ќе се одржи на 8. и 9. ноември, 2025 година во Public Room, Скопје. Настанот е дел од Skopje Design Week 2025, што ќе се одржи под мотото „Циркуларен начин на размислување“.
Бесплатен влез – откриј, купи, инспирирај се!
Саемот е отворен и бесплатен за сите посетители. Oткријте ја новата генерација на македонски еко-бизниси, да купите производи со позитивен импакт и да се инспирирате од луѓе кои секојдневно работат за поздрава животна средина. Да покажеме дека одржливиот избор е кул избор!
Локална иновација и глобална еко визија
Skopje Design Week 2025 и оваа година се позиционира како креативна платформа што ги поврзува дизајнот, модата, музиката, гастрономијата и одржливиот бизнис, промовирајќи иновативни решенија за регенеративен дизајн и локален развој.
Во рамки на второто издание на Саемот, посетителите ќе имаат можност да запознаат и поддржат 24 македонски иновативни и еколошки бизниси, кои преку своите производи докажуваат дека малите чекори водат кон големи промени.
На саемот ќе бидат претставени природна козметика, накит од рециклирани материјали, рачно изработени производи, уникатна облека од природни и реупотребени материјали, како и други еко-алтернативи за секојдневна употреба. Целта е да се покаже дека еколошките производи не се само подобри за животната средина, туку и поздрави за луѓето, без вештачки бои, парфеми или штетни хемикалии .
Yes for Less – заедница што инспирира промени
Бизнисите учесници се дел од мрежата на зелени бизниси на платформата www.yesforless.mk, која им овозможува на граѓаните да откријат еколошки навики, совети и производи на едно место. Платформата промовира одржлив развој и граѓанско учество, нудејќи простор за размена на идеи и заедничко решавање на еколошките предизвици во земјата.
Работилници за одржливост
Покрај изложбениот дел, Yes for Less ќе организира две тематски работилници во рамки на Skopje Design Week: „Дизајн за одржливост: Користење на дождовницата во секојдневието“, „Еко-села за дигитални номади во Македонија“, поддржана од ресторанот Кутмичевица од Вевчани – семеен етно пансион кој ја спојува традицијата, гастрономијата и одржливиот туризам.
Поддршка и порака
„Со овој саем и работилници сакаме да покажеме дека во Македонија постојат бизниси со силна визија за придонес кон одржливиот развој. Целта е да ги поврземе со граѓаните и да ги охрабриме да направат барем еден зелен избор повеќе во своето секојдневие“, велат од Yes for Less.
Настанот е поддржан од Грин Ленд Груп, лиценциран колективен постапувач специјализиран за управување со отпадни масла од автомобили и други возила.
Македонија
Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во глава и оставена покрај пат
Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство.
На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев.
Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.
Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.
Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.
По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.

