Македонија
Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот закон за да имаат сите еднакви шанси на изборите
Кандидатот за претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во Државната изборна комисија го потпиша кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024.
По потпишувањето, Димитриевски во изјавата за медиумите и јавноста рече дека сепак потпишале само форма, а не суштина. Тој додаде дека колку се демократски, колку се праведни, дали се правилни изборите и дали даваат еднакви можности за сите, покажува реалноста.
„Големите политичи субјекти од народни, државни пари, ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат“, рече Димитриевски и посочи дека: „Во полн ек е претседателската кампања, за сите претседателски кандидати и гледаме како се одвива.
Голем број канадидати за парламентот се директно вклучени, инволвирани и се говорници што повикуваат за поддршка на претседателските кандидати.
Тоа ДИК треба да го преиспита. Но, на крајот последниот глас ќе го имаат граѓаните на 24 април“. Димитриевски на крајот заклучи дека единствено граѓаните може да го подигнат нивото на демократијата, а секако е потребно да се измени законот за да биде еднакво за сите и да има правилни и демократски избори во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.