Македонија
Димитриевски: За 24 часа регистрирани девет пожари во Кумановскиот Регион, причините се истражуваат
Градоначалникот нa Куманово, Максим Димитриевски, одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со пожарите на територијата на оваа општина.
„Во последните 24 часа на територија на Куманово имаме регистрирано 9 пожари и интервенирано од страна на нашата територијална противпожарна единица, и тоа на отворен простор и шумски пожари – Тромеѓа, Четирце, Пуковско, Пезово, Бељаковце. Дополнително, и на локација Доброшане каде што е интервенирано при гасење на фабрика за преработка на дрво, локација Зубовце викенд-куќа и Мургаш каде всушност е и најсериозниот пожар во изминатите 24 часа, во кој беа опожарени поголем број куќи, покуќнини, домаќинства. За среќа, нема човечки жртви и немаме сериозни здравствени повреди, освен во еден случај каде што дополнително од страна на надлежни медицински лица ќе се утврдат последиците“, потенцираше Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник нагласи и дека противпожарната едицина во составот на општината делувала дополнително и на три други локации, односно во соседната општина Старо Нагоричане, на локација Малотино, каде, како што рече, над 36 часа се дава континуирана поддршка на противпожарните екипи кои работат на тој терен, како и дополнително на локација на село Ваксинце и село Матејче.
„Заклучокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување е дополнителните сили коишто ги имаме на располагање од противпожарната единица од Куманово да се стават на помош на соседната општина Старо Нагоричане за справување со состојбата во Кокино, а воедно и силите на јавното претпријатие Чистота и зеленило коешто врши континуиран дотур на вода со свои цистерни, на овие локации дава директна помош на самите противпожарни екипи“, рече Димитривски.
Градоначалникот повика на смиреност и почитување на сите мерки и одлуки на Владата и централниот кризен штаб, затоа што, како што кажа, единствено со дисциплина може да се излезе и да се биде корисен на пожарникарите кои деноноќно работат за спречување на ваквите состојби.
Во однос на причината за настанатите пожари, тој истакна дека одговорноста треба да ја утврдат надлежните државни органи.
„Според укажувањата на дел од граѓаните можеби и електричната инсталација на одредени локации, т.е преносот на електрична енергија е една од причините за појава на пожар на локација селото Мургаш. Лично, утрово ги посетив овие опожарени локации. Во моментов, покрај тоа што комплетно територијата на село Мургаш е ставена под контрола, се работи активно и на локација во близина на село Бељаковце или локалитет Липец, каде што директно имаме противпожарна екипа. Апелирам до месното население кое живее во село Бељаковце и на оваа територија да биде во приправност, бидејќи имаме одредени места кои може да се реактивираат. Потребна е и граѓанска асистенција на одредени локации доколку забележат навремено да пријават до надлежните органи, а и дополнително самите да се вклучат во локализирање на таквите пожари на отворено“, изјави Димитриевски.
Градоначалникот изрази задоволство за високата професионалност, одговорниот пристап и натчовечките напори за ангажманот на противпожарните екипи во последните 36 часа.
„Ги известувам граѓаните дека Општина Куманово има на располагање и свои резервни сили за гасење пожари на отворено кои се составени од вработени во јавните претпријатија Чистота и зеленило, и јавното претпријатие Водовод Куманово, и доколку е потребно истите, исто така ќе бидат дополнително ангажирани. Нашиот приоритет и законска обврска е да делуваме на територија на Општина Куманово, но во секој момент сме подготвени да дадеме испомош како што и даваме на останатите општини во нашиот регион и во нашата држава, дали по директно нивно барање или пак по барање на централниот штаб за управување со кризи“, информираше Димитриевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

