Македонија
Димитриевски од Гостивар: Формирано е граѓанско здружение „Движење за прогресивни промени“
Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, информира дека вчера во Гостивар е формирано граѓанско здружение „Движење за прогресивни промени“.
„На средбата со иницијативниот одбор за претседател на здружението е избран Љубомир Величковски. Граѓанскиот концепт се шири, енергијата се чувствува помеѓу граѓаните насекаде, народот се обединува. Продолжуваме и во другите градови во Македонија!“, изјави Димитриевски.
Досега граѓански здруженија се формирани во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово и во Гостивар.
Во септември предвидено е формирање граѓанско здружение и во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“
ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18-ти редовен Конгрес. Од партијата велат дека овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.
На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и пропратни документи на истата.
„За да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија“, велат од партијата.
Македонија
Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали
Министерот за здравство, Азир Алиу, беше во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ и информира дека е во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок
„Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу по денешната обиколка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.
На средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски беа разгледани можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок, во насока на унапредување на условите за третман на пациентите.
Македонија
Муцунски во Виена ги презентираше владините политики за привлекување нови странски инвестиции
Во рамки на работната посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со компаниите, членки на Здружението на индустријалци.
Во своето обраќање пред претставниците на приватниот сектор, министерот Муцунски ги информираше австриските бизнисмени за новите можности за економска соработка, економските и трговските политики на Владата, како и за мерките насочени кон привлекување странски инвестиции.
На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на соработката во делот на инфраструктура, енергетика, дигитализација и технолошки иновации, со цел зголемување на трговската размена и инвестициите

