Македонија
Димитриев: На Македонија ѝ е потребен период на стабилизација
На Македонија потребен ѝ е период на стабилизација и фокусирање на реалните проблеми, период за вработувања, за подобро образование и здравство, за инвестиции во инфраструктурата, порача премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во новогодишното обраќање.
„Политичката влада која треба да биде избрана треба да води сметка за интересот на народот и да ги решава секојдневните проблеми со кои се соочува народот, без алибија, без дефокусирања, без деструкција, туку со многу мудри одлуки, со многу труд и со посветен и одговорен пристап, со сопствени сили“, рече Димитриев.
Според него, годината што измина секој од нас на приватен план ќе ја памети по настани кои оставиле емоција, и добра и помалку добра, лична и семејна, но тие чувства какви и да биле верувам дека ве направиле сите вас посилни. „На државен план, годината која изминува ќе остане запаметена по неколку работи, од кои пред се треба да извлечеме поуки, за да бидеме помудри, но и со повеќе верба, за да можеме и во иднина да носиме правилни одлуки“, рече Димитриев.
„За мене е најбитно, подвлече тој, дека и покрај сериозните предизвици со кои се соочуваше нашата земја, економските политики кои ги спроведуваше владата дадоа резултати, можеби не во онаа мера во која посакувавме и очекувавме но дека резултати има тоа никој не би можел да го спори“, вели Димитриев.
Тој се осврна на економијата, невработеноста која продолжи да се намалува и достигна ниво од 23,5 отсто, а посочи дека треба да се работи на понатамошно унапредување на стандардот на населението.
Во минатата година како држава се соочивме со мигрантската криза која е сé уште еден актуелен проблем во светски размери.
„Република Македонија имаше клучна улога во справувањето со овој глобален феномен и тоа беше истакнато од многу светски и европски лидери. Тоа го сторивме со помош на нашите пријатели, но пред сé потпирајќи се на домашните економски и кадровски ресурси и капацитети, и затоа оваа наша заслуга е поголема бидејќи е остварена со сопствени сили“, рече Димитриев.
Во 2016 година реализиравме и предвремени парламентарни избори, кои беа оценети како фер и демократски од целата меѓународна заедница, потсети Димитриев.
„Политичката влада која треба да биде избрана треба да води сметка за интересот на народот и да ги решава секојдневните проблеми со кои се соочува народот, без алибија, без дефокусирања, без деструкција, туку со многу мудри одлуки, со многу труд и со посветен и одговорен пристап, со сопствени сили. И, пред сé, со почитување на државните и национални интереси на Република Македонија, ваква каква што е и за која се залагале и бореле нашите предци и во која треба да живеат во заедништво нашите поколенија. На сите вас, почитувани граѓани, во новата година ви посакувам многу здравје и среќа, бериќет и благосостојба во вашите семејства, и можности за приватен и професионален развој. И секогаш имајте верба во вас лично, во вашето семејство, во вашите сограѓани и во нашата татковина Република Македонија“, порача Димитриев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

