Македонија
Димитриеска-Кочоска: Буџетот на Владата е зголемен поради Фатмир Битиќи
„Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот.
Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната Комисија за финансирање и буџет.
Димитриеска Кочоска посочи дека и покрај тоа што СДС го уништеле ЕСМ и им служело како основ за да може да ги наполнат сопствените џебови, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е пример за домаќинско работење и коректор на лошите политики од минатото.
„И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, ние сега напротив имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва коишто немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година“, децидна беше Димитриеска Кочоска.
Исто така таа додаде дека веќе предвидени се доволно средства за реализација на серија активности. Димитриеска Кочоска особено го истакна и делот на исплатата и пресметката во однос на активните и пасивните саати којашто се вршела кон докторите. Напомена дека ваквиот случај е предмет на ревизија кој дополнително ќе се разгледува и дискутира.
„Ќе има проекти, ќе се прошируваат и има доволно средства за реализација на истото.
А во однос на платите на докторите она што регуларно сте го направиле неспорно е, меѓутоа во однос на активните и пасивните саати и начинот на пресметка тоа е предмет на ревизија исто така што ќе се дискутира“, заклучи Димитриеска Кочоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

