Македонија
Димитровски: 31 милион евра за ИПА-програмата 2021-2027 од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија
ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија за третиот ИПА програмски период 2021-2027 година, денеска беше потврдена од страна на Заедничката работна група во чија работа учествуваат претставници од надлежните министерства од Северна Македонија и од Бугарија. Во својата финална фаза Програмата ќе биде доставена на конечно усвојување во Брисел, по што ќе може да почне нејзината имплементација преку финансирање на заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски ја поздрави посветеноста на надлежните институции од двете земји во текот на подготовката на Програмата. Димитровски ја истакна важноста на Програмата за граѓаните од двете држави.
„ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија ни става на располагање 31 милион евра од Европската Унија со коишто можеме да реализираме значајни проекти и во двете земји, како и еден стратешки проект, граничниот премин Клепало, за што се резервирани околу 10 милиони евра.
Димитровски рече дека во рамките на овој проект се предвидува изградба на нов и рехабилитација на постојниот патен правец за поврзување на Берово со Струмјани и рехабилитација на граничниот премин Клепало.
„Заедничката иднина на земјите од регионот е во Европската Унија, очекувам побрзо отпочнување на преговорите на нашата земја со Европската Унија и уште подобра и поинтензивна соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија“, рече Димитровски.
Усвојувањето на ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија од страна на Европската комисија е услов за отпочнување на нејзината имплементација.
Објавувањето на првиот јавен повик за проекти во три приоритетни области се планира за наредната, 2023 година, веднаш по усвојувањето и воспоставувањето на институционалната структура за спроведување на Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, за периодот до 2027 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Димче Милошевски. (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1 во с. Сопиште. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Мирсачев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на ул. Леринска бр. 3. (Општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне слаба магла, попладне повремени врнежи од дожд
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.
Македонија
(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60 илјади луѓе кои се одважија да ја изберат нашата опција го имаме огледалото за иднината на Скопје, кажа кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.
„Во следните две и пол години само дополнително ќе се мобилизира, на парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје“, кажа Мециновиќ.
Тој се заблагодари на сите гласачи на Левица.
„Тие ни ја даваат енергијата која ја имаме за да се спротивставиме на оваа ламја режимска“, кажа Мециновиќ.
Тој исто така им се заблагодари и на сите неопределени кои излегле да гласаат и им порача дека навистина не е залудно.
„Со ова покажавме дека иднината во Македонија е навистина посветла. Ние сме разбудени и се повеќе и повеќе ќе го чувствуваат одговор. Сакам да им се заблагодарам и на гласачите на СДС. Сметам дека браната е пукната и ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад контингентот на Левица, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Мециновиќ.
По оваа изборна трка, тој им порача на сите 60 илјади луѓе кои го дале гласот за него, дека ќе биде нивниот глас во парламентот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште пожестока борба.

