Македонија
Димитров во Куманово: Го најдовме клучот за вратата зад која бевме заклучени со децении
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера беше во посета на Куманово и учествуваше во граѓанска трибина на која беа претставени придобивките од членството на земјава во ЕУ и НАТО.
Димитров пред присутните граѓани укажа на тоа дека Македонија има голема поддршка од демократскиот свет, проследено со охрабрување од ЕУ и НАТО за постигнатите досегашни резултати и храброста да се оди чекор напред.

„Голем дипломатски успех е она што се постигна за кратко време. Изнаоѓањето решение со двата наши соседи Бугарија и Грција е голем напредок за земјава, а притоа е заштитено она кое што е најважно, нашиот идентитет и јазик, го најдовме клучот за вратата позади која бевме заклучени со децении“, рече Димитров.
Димитров на синоќешната граѓанска трибина на Коалицијата „За европска Македонија“ зборуваше пред присутните за тоа што значи да се биде дел од НАТО – обезбедена безбедност и стабилност за државата и што значи да се биде дел од ЕУ – неколкукратно зголемување на парите од фондовите кои што ЕУ ги дава на Македонија.

„Ако денес Македонија добива по 260 000 евра дневно како помош од Европската Унија, таа помош ќе расте со нашиот напредок кон Европската Унија. Ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе се градат уште повеќе нови патишта, водоводи, канализации, училишта, за подобро утре на нашите деца“, рече министерот.
Тој пред присутните кумановци истакна дека за референдумот не се излегува за партија, туку за државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

