Македонија
Димитров во посета на Берлин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин.
Во рамки на посетата, во германскиот Бундестаг Димитров ќе учествува на настанот насловен „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на европските федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, социјалдемократи, зелените и либералите.
Покрај тоа, министерот Димитров ќе се сретне со пратеници во германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Северна Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.
Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.