Македонија
Димитров го пречека својот грчки колега Никос Дендијас
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата, како што информираат од МНР, биле разменети мислења за билатералната соработка, со посебен осврт на политичките односи и економските активности, како и за европската перспектива на Северна Македонија и регионот. Исто така, биле разгледани и можностите за зајакнување на секторската соработка, економската размена и инвестициите.
„Посетата на Дендијас доаѓа во вистинско време и е сигнал на новата ера во нашите односи и импулс за ослободениот потенцијал за збогатена билатерална соработка. Ние сме природни сојузници, кои ќе негуваат и стратешко партнерство како во НАТО така и во ЕУ“, изјави Димитров.
Од грчка страна беше реафирмирана континуираната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, Грција ќе продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор за почнување пристапни преговори за членство во ЕУ.
На разговорите беа разгледани модалитетите и можностите за унапредување на политичкиот дијалог, како и ангажманот на двете држави во имплементацијата на обврските од преспанскиот договор. Беше нагласена потребата од почитување на духот и словото на договорот и притоа беше истакнато дека суштинската и навремена имплементација на преземените обврски е од клучно значење и за развојот на севкупните односи помеѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

