Македонија
Димитров доби признание за промовирање и посветеност на евро-атлантските перспективи
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, присуствуваше на отворањето на „Европските денови“, во организација на Институтот за меѓународни и политички студии Скопје.
Настанот што оваа година го прославува своето петто издание, со различни активности го одбележува 9 Мај, Денот на Европа, со кој Европската Унија ги слави мирот и единството на нашиот континент.
Министерот беше одликуван со признание за особен придонес и посветеност на евро-атлантските перспективи на државата, за што му беше доделена и плакета „Мајка Тереза“. Врачувајќи му го признанието, организаторот истакна дека тоа е израз на благодарност на македонските граѓани кон министерот за неговата голема заслуга и за истрајните посветени напори кон остварување на стратешките приоритети и достигнувања на земјата – членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
Во присуство на студенти, претставници на дипломатскиот кор и академскиот свет, министерот Димитров истакна дека признанието многу му значи, а особено задоволство му причинува што признанието доаѓа токму од цивилниот сектор, како репрезент на граѓаните – обединети околу идејата за Република Северна Македонија како релевантен чинител и партнер во евро-атлантските структури.
„Последниве две години имаме со што да се гордееме, вложивме многу и постигнавме многу! Посебно се гордеам што градиме, создаваме солидарност – да се грижиме едни за други, како што се грижиме за самите себе“, рече Димитров.
Со пригодни обраќања, на настанот чиј домаќин беше општина Чаир, учествуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и Илбер Села, директор на Институтот.
На настанот беа доделени и награди во повеќе категории за најдобар студентски есеј посветен на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

