Македонија
Димитров: За Македонија, Гуаидо е привремен претседател на Венецуела
Министерот на надворешни работи, Никола Димитров, ја искористи социјалната мрежа „Твитер“ за да ги образложи македонските официјални ставови во однос на случувањата во Венецуела, при што изрази поддршка за опозицискиот лидер, Хуан Гуаидо, кој неодамна се прогласи за преоден претседател на оваа јужноамериканска држава.
The Republic of Macedonia, in line with its European partners, supports and considers the President of the Venezuelan Assembly, @jguaido as Interim President, in accordance with the Constitution, in order to organize free, fair and democratic presidential elections.
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) February 4, 2019
„Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела, Хуан Гуаидо, за времен претседател на земјата, согласно Уставот и со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори“, напиша Димитров на „Твитер“.
Единаесет членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, барајќи од него да распише претседателски избори. Италија спречи ЕУ да донесе единствен став за ситуацијата во оваа држава, откако го блокираше нацрт соопштението на Унијата во кое се наведува дека сите земји членки ќе го признаат опозицискиот лидер за привремен претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

