Македонија
Димитров на неформалeн состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ
По покана на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, и министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, чија земја сега претседава со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ, соопштија од македонското МНР.
Состанокот, кој ќе се одржи во Букурешт, ќе почне денеска, а ќе трае до утре. Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на прашања поврзани со Кина и заедничките интереси и предизвици на Европската Унија и земјите од Западен Балкан, соопштија од МНР.
„Во организација на домаќинот, Димитров ќе земе учество и на неформален ручек посветен на земјите кандидати, кои заедно со земјите членки на ЕУ ќе дебатираат на тема ‘Иднината на регионот’. На маргините на состанокот, во организација на романското претседателство, министерот Димитров ќе учествува и на неформална вечера во Палатата на воениот национален круг, а ќе оствари и повеќе билатерални средби“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

