Македонија
Димитров на состанок со колегите од Грција, Албанија и Бугарија во Солун
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на својот грчки колега Никос Коѕијас на 3 и 4 мај во Солун учествуваше на третата по ред четирипартитна средба на министрите за надворешни работи на Република Македонија, Грција, Република Албанија и Република Бугарија.

На средбата, покрај министрите за надворешни работи учествуваа и министри и високи претставници од министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски од четирите земји. Во дискусијата министрите за надворешни работи се осврнаа на предизвиците за регионот на Југоисточна Европа, од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците/мигрантите кон Балканот, иднината на Европа и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Претставниците од министерствата за внатрешни работи и транспорт дискутираа по прашања од областа на прекуграничната соработка, вклучително полициската, царинската и цивилната заштита, како и меѓусебното поврзување и транспортното умрежување во регионот.
На состанокот на министрите за надворешни работи од земјите учеснички беа донесени заклучоци за понатамошни конкретни иницијативи и за практичната соработка во повеќе области од заемен интерес, како што се интерконективноста, високото образование и европските и евро-атлантските интегративни процеси.
На маргините на состанокот министерот Димитров имаше одвоена билатерална средба со министерот Коѕијас, на која продолжија разговорите за надминување на разликата околу името.
Димитров имаше работен појадок со бугарскиот заменик-претседател на Влада и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, на кој, меѓу другото, дискутираа и околу напорите за започнување на пристапните преговори со ЕУ по чистата препорака од ЕК и за имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

