Македонија
Димитров на средба со Аврамопулос: Северна Македонија не отстапува од европскиот курс

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со eврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, кој престојува во земјата по повод учеството на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во Скопје, на 18 и 19 ноември 2019 година.
На средбата беа разменети мислења за актуелни случувања во земјата и регионот по исходот на октомврискиот европски совет, како и за тековните прашања во самата ЕУ. Соговорниците се осврнаа и на заедничките современи предизвици, кои наметнуваат потреба од заедничка соработка и дејствување, со особен акцент на миграцијата, а во тој контекст стана збор и за потпишувањето на статусниот договор за соработка на Северна Македонија со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража.
Министерот Димитров повтори дека и покрај искреното жалење што не се постигнал консензус за донесување одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите и градењето на добрососедските односи и регионалната соработка.
Еврокомесарот Аврамопулос изрази задоволство од постигнувањата на земјата во однос на европската интеграција. Северна Македонија покажа големи заложби и напори во справување со безбедносните ризици и предизвици што произлегоа од миграциската криза, а за кои ЕУ е особено благодарна и ќе продолжи да соработува со земјата и понатаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.