Македонија
Димитров на тркалезната маса „Bergedorf“во Сараево
Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Сараево учествуваше на тркалезната маса „Bergedorf“, која оваа година беше организирана на тема „Долгиот пат кон Европа: Западниот Балкан меѓу домашните предизвици и геополитиката“. Димитров се обрати на панелот „Внатрешните реформи: доброто управување и владеење на правото”.
На тркалезната маса учествуваа високи политичари, како и интелектуалци, публицисти и членови на граѓанското општество од Западен Балкан, релевантни земји-членки на ЕУ, Русија, Кина и САД. Акцентот на тркалезната маса беше ставен на политичките структури и надворешните влијанија во регионот, исто така беа разгледани и начините на соработка меѓу ЕУ и регионалните партнери во земјите од Западен Балкан, со цел да се постигне поголема економска и политичка кохерентност.
МНР Димитров оствари средба и со Лилиана Тонги, потпретседател на Комитетот за надворешни работи во францускиот парламент. „Во Република Македонија денес имаме здрава политичка дебата. Успеавме да го промениме медиумскиот пејсаж и да го ослободиме медиумскиот простор. Верувам дека можеме да бидеме уште подобри. Треба да го менуваме системот, но и менталитетот и пристапот кон медиумските слободи, и воопшто кон улогата на критичката јавност“, изјави Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

