Македонија
Димитров на Kонференција на високо ниво за Западен Балкан
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 4 и 5 јули во Познан, Полска, ќе учествува на шестата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан (Самит) под покровителство на полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Конференцијата се организира во рамките на полското претседавање со „Берлинскиот процес“, кој во 2014 година беше инициран од германската канцеларка Ангела Меркел.
Во рамки на програмата на Министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со регионалната соработка и улогата на цивилното општество, евроинтегративната перспектива на земјите од регионот на Западен Балкан, а ќе се разговара и за понатамошниот развој на самиот Берлински процес во наредниот период.
Покрај пленарните сесии и билатералните средби со министрите за надворешни работи од другите земји, министерот Никола Димитров ќе учествува и на панел дискусии во рамките на Форумот на граѓанско општество, кој е дел од програмата на Самитот.
Агендата на Самитот на Берлински процес е заснована на политичката и економската димензија. Главни области на соработка се транспортното и енергетското поврзување на Регионот, економска интеграција, бизнис секторот, соработката меѓу младите, третманот на билатералните и други отворени политички прашања од минатото на Регионот, но и глобални безбедносни и миграциски предизвици. Оваа година посебен фокус и’ се дава и на улогата на цивилното општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

