Македонија
Димитров: Процесот е поважен од крајната дестинација

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по покана на бриселскиот тинк-тенк EPC учествуваше на онлајн-брифинг на тема: „Северна Македонија се приближува кон ЕУ: напорниот труд создава историја?“
Целта на брифингот беше да се даде осврт, како и да се отвори онлајн-дебата со заинтересираниот аудиториум во однос на историските исчекори на Северна Македонија на планот на евро-атлантските и ЕУ-интеграциите реализирани во март оваа година, во екот на кризата предизвикана од пандемијата, како и на следните чекори и очекувања на планот на нашето приближување кон Европската Унија.
„Досегашната и претстојната поддршка, која се очекува од Европската Унија во поглед на справување со здравствените и социо-економските предизвици од пандемијата, претставува јасно признание дека Западен Балкан ќе биде дел од ЕУ. Ние, нашите граѓани, знаеме каде припаѓаме и по одлуката во март за почеток на пристапните преговори, конечно, ќе ја добиеме и алатката што ќе го даде потребниот поттик за нашата почната позитивна трансформација. Нашиот пат не беше лесен ни досега, при што научивме дека колку е поголема пречката – толку е поголемо чувството на задоволство од постигнатото. И на тој пат, кој ни претстои, при што процесот е поважен од крајната дестинација, сите ние во рамките на својот домен може да бидеме фактори на промената“, изјави Димитров.
Настанот беше модериран од страна на Корина Стратулат, виш аналитичар во EPC, а во рамките на дискусијата стана збор и за очекувањата од претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, за случувањата на домашен план, како и за динамиката во регионалните односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.