Македонија
Димитров: Сè потешко станува да им зборувам на граѓаните за европска интеграција
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска на Скопскиот економски форум имаше обраќање на панелот насловен „Испорачување на ветувањето од ЕУ: Да се види за да се верува“, заедно со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и Гашпар Довжен, државен секретар на словенечкото МНР.
Димитров нагласи дека европската визија за Западен Балкан и процесот на проширување мора да биде зајакната, во име на, како што рече, заедничките цели и вредности, како и во име на дадените ветувања.
„Сè потешко станува за мене да разговарам со нашите граѓани и да го одржам наративот дека европската интеграција е навистина можна. Навистина ни треба придвижување. Овој регион е опкружен со земји-членки. Економски, политички и историски, културолошки, припаѓаме на Европа и навистина е важно да видиме конкретни одлуки и движења за поддршка и за исполнување на ветувањето дадено во Солун. Ние немаме алтернатива, освен да станеме функционална европска демократија, што доаѓа заедно со економски просперитет“, посочи вицепремиерот.
Сепак, Димитров и натаму е оптимист дека можно е европско решение со Бугарија, кое е во согласност со европските вредности.
Тој се заблагодари на словенечкото претседателство за нивните планови во однос на Западен Балкан, но и на напорите на португалското претседателство за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.
„Сметам дека треба да ги здружиме силите, да размислуваме стратешки. Имаме визија, а тоа е добра почетна позиција за конвергенција и премостување на разликите меѓу Балканот и Европската Унија во економска смисла. Сите знаеме дека влогот е огромен и сметам дека имаме можност за успех, што треба да го искористиме во месеците што доаѓаат. Се разбира, проевропските сили ќе станат послаби ако не успее европската визија во овој регион и тоа не треба да го потценуваме“, дециден е вицепремиерот.
Словенечкиот државен секретар Довжан потенцираше дека вклучувањето на Западниот Балкан во ЕУ не е само од интерес на земјите од регионот, туку и геостратешка потреба на Унијата и нагласи дека проширувањето на ЕУ ќе биде еден од приоритетите на словенечкото претседателство.
Амбасадорот Гир ја повтори позицијата на Европската комисија дека почетокот на преговори со Северна Македонија и Албанија останува приоритетно прашање и дека процесот на проширување мора одлучно да се движи напред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

