Македонија
Димитров телефонски разговараше со Жозел Борел
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, телефонски разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, по донесувањето на позитивна одлука од Советот за општи работи за започнување пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ.
Двајцата изразија големо задоволство од одлуката на министрите на ЕУ да почнат преговори за пристапување и за Северна Македонија и за Албанија, особено во вакви отежнати околности. Во тој контекст, тие се согласија и ја истакнаа потребата од меѓународна соработка за ефикасно решавање на овој глобален предизвик.
Димитров го информираше Борел за предизвиците со кои се соочува земјата, како за граѓаните дома, така и за оние затекнати надвор. Се договорија за максимални напори од двете страни за координирање на активностите со цел помош и на европските и на македонските граѓани, како при нивната репатријација, така и при нивната заштита во борбата против коронавирусот.
Беше конкретно разговарано за пренасочување на европските пари од други програми за Северна Македонија и дополнителна помош во борбата против пандемијата.
Високиот претставник Борел ја поздрави одлуката на Владата на Северна Македонија да го активира механизмот на ЕУ за цивилна заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Македонија
Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година, велат од СДСМ
„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството“, велат од СДСМ.
„Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада.
Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.
Затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството.
После се што изнесовме во јавноста на граѓаните им е кристално јасно.
Сѐ што најавивме – се оствари. Ги разоткривме сите планови на власта и сите планирани чекори.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.
Нека се договара ВМРО со ДУИ што сака. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е власта да ја вратиме во рацете на народот“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.

