Македонија
Димитров: Kлучот кој го пронајдовме од вратата со можности е во наши раце
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес беше во посета на Крива Паланка на средба со граѓаните на ова погранично место. Во рамките на неговата посета, тој имаше средба и со бизнис заедницата во организација на Стопанската комора на Република Македонија и на локалната самоуправа.
Димитров на средбите со граѓаните на Крива Паланка разговараше искрено и отворено за локалните предизвици и проблеми со кои се соочуваат.
,,Тука сум денес да ве слушнам бидејќи во овој период надворешната политика ни е дома и клучот кој го пронајдовме од вратата со можности е во наши раце. Изборот е голем, историската раскрсница е огромна и нема врска со припадност на политичка партија ниту пак со носители на функции. Ако сме одговорни како држава, треба да ја направиме Македонија европска и да има доволно работни места и во нашите градови, села. Ајде заедно на 30 септември да бидеме мудри и да го направиме македонскиот пасош доволно значаен и вреден за да не ја бараме егзистенцијата во туѓите пасоши”, рече Димитров.
Тој посочи дека Крива Паланка е пионер во градењето на пријателски односи со соседите, особено со соседна Бугарија. Во тоа е суштината на историските прашања што ги затвораме – создавање на можности и подобри стандарди за граѓаните.
Димитров во рамките на својата посета на Крива Паланка присуствуваше и на свечено потпишување на Меморандум на соработка во насока на зајакнување на бизнис секторот и деловниот амбиент во градот, склучен меѓу Стопанската комора на Република Македонија и општината, во присуство на претставници од бизнис заедницата како и Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

