Македонија
(Видео) Димовски до Заев: Постигнете консензус со Мицкоски, најдете заедничко решение
Решението е единство и консензус, но не по диктат на едната страна, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на седницата на Комисијата за уставни прашања. Тој посочи дека власта е најодговорна што референдумот немаше цензус и што нема консензус за договорот со Грција бидејќи самиот референдум бил распишан без ВМРО-ДПМНЕ. Димовски ја искритикува Владата дека не кажува јасно дека ќе се менуваат повеќе од 50 члена на Уставот.
„Неодоговорно е што Владата не го изготви финалниот текст, отвора сомнеж и што министерот за правда не е потпишан на предлогот. Не е точно дека ќе се менува само преамбулата, тврдам дека ќе се менуваат 51 член од Уставот. Дополнително, Уставот не може да се менува со процедура предвидена со Законот за референдум, Уставот препознава единствено успешен референдум“, рече Димовски.
Тој повика да престане кампањата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ и НАТО бидејќи, како што рече, нема дилема за членството, но факт е, според него, дека договорор со Грција е неодржилив поради немање консензус, како и поради бројката од само 300 илјади Македонци кои гласале „за“ на референдумот.
По говорот на Димовски, реплицираше премиерот Заев, кој побара инклузивност од опозицијата.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ прво била за ЕУ и НАТО, ајде дајте инклузивност во процесот. Амандманите не треба и не смееме да ги пишуваме сами“, рече Заев, на што Димовски му одговори дека двете главни идеологии треба да најдат заедничко решение.
„Колку и да ви се добри намерите, одите во мртва улица. Единство и консензус е решението. Заев и Мицкоски да застанат зад заедничко решение“, му порача Димовски на Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

