Македонија
(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието
Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му се обрати на министерот за финасии, откако тој рече дека мора да ја напушти седницата и да замине на седница на Влада.
Тевдовски од нога, на излегување го сослуша Димовски, на инсистирање на претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска.
„Предлагате закон што е во доменот на левичарското фантазирање и не ви трепка око. Демек ви е гајле за јазот меѓу богатите и сиромашните, продавање пуфки“, рече Димовски.
Тевдовски не одговори на прозивките од пратеникот, пред да замине само рече дека од тука натаму на прашањата ќе одговара неговата заменичка, Ширлете Елези.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

