Македонија
Димовски: Државната видеолотарија за две години потрошила 14 милиони евра за набавка на машини за коцкање
Коцкањето стана главна занимација на оваа Влада. Дражавната видеолотарија, која е фирма со доминантен државен капитал со пари на граѓаните на оваа земја, за неполни две години потрошила 14 милиони евра за набавка на машини за коцкање, обвини пратеникот Илија Димовски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Државната компанија за 20 месеци распишала два тендера и склучила договори за набавка на коцкарски апарти во вредност од 14.000.000 евра. Првата набавка е направена на 16.4.2018 година и е во висина од 7.422.200 евра. Втората набавка е направена пред нецел месец, на 2.1.2020 година и е во вредност од 6.548.500 евра. Вкуната вредност е, како што кажав, 14.000.000 евра.
Откако Владата и СДСМ ги искоцкаа државните и национални интереси, сега удрија на набавка на машини за коцкање бидејќи очигледно за други работи не се ни способни. Оваа компанија ја раководат партиски кадри на СДСМ и НСДП. Некој за ова трошење пари за набавка на коцкарски апарати донел политичка одлука. Двата тендера ги добива една иста компанија, што дополнително фрла сенка и сомнеж за начинот и целта на трошење на овие пари за коцкарски апарати.
Ние немаме дилема дали треба да постои ваква компанија, но сме против трошење толку големи средства, без обѕир кон реалните приоритети на граѓаните. Додека за заштита од аерозагадувањето нè убедуваат дека државата нема доволно ресурси и средства за да се справи, 14 милиони евра се даваат за коцкање.
Државата, која е должна да помога на своите социјално загрозени граѓани, таа набавува коцкарски машини за 14 милиони евра, па треба да се молиме на хуманоста на овој народ, кој несебично се мобилизира кога се појавуваат семејства што живеат во нечовечки услови и се борат за живот. За споредба, сакам да потсетам дека пред почетокот на новата година се донесе буџетот за 2020 година, а доколку оваа Влада работеше домаќински и на рационален начин ги користеше парите на граѓаните и доколку овие 14 милиони евра не беа потрошени за коцкарски машини, немаше да има кратење пари во многу суштински делови и сфери во буџетот.
Доколку не се набавеа коцкарски машини, ќе имаше повеќе пари за основното образование, од кое се скрати, ќе имаше повеќе пари за високото образование, на кое му беа скратени 4 милиони евра, ќе имаше пари за реновирање на сите студентски домови, ќе имаше повеќе пари за ученички и студенстки стандард, од кои се скрати, а не да им бидат двојно намалени средствата, а ќе имаше и повеќе пари за науката, која исто така доби помалку пари за 2020 година.
Сега се гледа кои се приоритетите на СДСМ. Според нивното однесување, развојот на образованието, науката, културата, капиталните инвестиции не се од приоритетно значење додека 14 милиони евра за коцкарски машини се стратешка инвестиција. Набавката на коцкарски машини за 14.000.000 евра е најголемата инвестиција на СДСМ.
Тое а пораката што ја испраќа оваа Влада на чело со СДСМ до граѓаните. Не трошете време на образование, дишете загаден воздух и одете да се коцкате“, рече Димовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

