Македонија
Димовски на министерската конференција на Меѓународната организација на франкофонијата
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, учествува на министерската Конференција на Меѓународната организација на франкофонијата, која денеска и утре се одржува во Ереван, Ерменија.
Во своето денешно обраќање државниот секретар ја реафирмираше улогата на Република Македонија како активен член на оваа организација која е посветена на надминување на политичките и економските предизвици со кои се соочува современиот свет.
„Ја нагласуваме нашата цврста определба да продолжиме да придонесуваме за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста што се промовирани од организацијата на франкофонијата, паралелно со нашиот ангажман за промовирање на меѓународен поредок заснован на целите и принципите на Повелбата на ООН, меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет на државите. Како дел од франкофонското семејство, континуирано ги афирмираме вредностите на македонското општество – демократијата, мултиетничноста, толеранцијата и солидарноста“, рече Димовски.
На маргините на Конференцијата, државниот секретар оствари билатерални средби со шефовите на делегациите на Франција, Швајцарија, Грција и Романија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

