Македонија
Димовски: Не го сопираме изборот на членови на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТВ
„Ние сме совршено свесни дека СДСМ сака да се однесува како да е сопственик и како да има монопол, не само врз Собранието туку и во целокупната држава Република Македонија, но тоа нам не ни дозволува да постапуваме според волјата на СДСМ. Комисијата за прашањата за изборите и именувањата, иако во ваков чуден однос, во мандатот досега ги спроведува успешно сите постапки. Од тој аспект, јас како претседател на Комисијата за прашања за избори и именувања се обидувам пред да го почнеме процесот да има минимални шанси дека тој процес ќе биде успешен и дека нема да биде заглавен како многу други процедури и постапки во Собранието и државата воопшто”, изјави Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Тој вели дека во претходните два месеца остварил контакти и комуникација со повеќе лица од повеќе пратенички групи во Собранието во насока да стимулира што е можно побрзо започнување на процедурата за избор на членови на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТВ, со замолница до политичките партии претставени во Собранието да почнат дијалог што ќе значи минимални услови за успешност на процедурата.
„За возврат, не постои никаков контакт и никаква желба за дијалог од владејачкото мнозинство во Собранието. Должен сум да ве информирам како претседател на оваа комисија дека оваа постапка за избор на членови на АВМУ и Програмскиот совет на МРТВ е во согласност со законот што беше изгласан едногласно од Собранието со поддршка од опозицијата. Ако опозицијата имала намера да кочи, ќе кочела уште во таа фаза. Но, новата постапка, која е предвидена во законот, за овие две тела предвидува двотретинско мнозинство во комисијата, значи од 13 членови со право на глас, треба 9 да гласаат ‘за’ за сите поединечни предлози, а кога ќе дојде на пленарна седница треба двотретинско мнозинство и бадентерово мнозинство. Значи постапката е исклучително комплицирана и е сосема различна од сите постапки досега.
Односот на СДСМ како кон оваа процедура така и кон се во државата сè уште е на ниво на еуфоријата на почетокот на нивниот мандат кога мислеа, а за жал, сè уште, мислат, дека се сопственици на Собранието и дека се сопственици на државата.
Јас како претседател на Комисијата за прашања за изборите и именувањата морам да се движам во согласност со процедурите и законите и да обезбедам успешна работа на комисијата.
Доколку досега ја почнев процедурата за избор на членови на овие две тела сигурен сум дека таа процедура ќе завршеше неуспешно, па ќе требаше да влеземе во нови постапки за објавување нови конкурси и дополнително одолговлекување на постапките за избор на членови на овие две тела. Од тој аспект, мојот апел до СДСМ е да си ги намалат емоциите, да го тргнат чувството дека се сопственици на државата и на Собранието, да научат дека во ова Собрание има 120 пратеници од повеќе од 15 политички партии и да разберат дека Собранието подразбира дијалог и минимум разбирање помеѓу 120 пратеници”, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

