Македонија
Димовски: Ова треба да заврши денеска, ќе констатираме дека ќе нема измени во Уставот

Сè што треба денеска да направиме е да го артикулираме гласот на граѓаните, односно да констатираме дека овие уставни измени не можат да бидат составен дел од Уставот на Република Македонија, и тоа не важи само за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку се почитува Уставот на РМ, тој став треба да го имаат и пратениците на СДСМ, ова треба да заврши денеска, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Засега нема никаков договор помеѓу опозицијата и власта, денеска ситуацијата не е таква. Денеска единствено што треба да констатираме е да ја испочитуваме одлуката на граѓаните. Во вакви ситуации ниту Собранието е носител на одлуките, ниту Владата“, рече Димовски пред почетокот на седницата.
А за во иднина, Димовски на сите политичари во државата им посака многу памет, мудрост и свест.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е само локална, ниту само политичка, туку е економска и борба за достоинство.
„Се бориме за 500 евра минимална плата на работниците. За правото на човекот да живее чесно од сопствената плата да може да оди во маркет, да ги обезбеди децата, да го обезбеди семејството. Се бориме за правда, за достоинство и за надеж“, рече Филипче.
Тој, исто така, оттаму испрати порака дека „Пехчево е уште еден град од многуте каде нема инвестиции, нема горди граѓани“. Пред граѓаните на Пехчево, Филипче зборуваше за „лажното лице на власта и нивната двојна страна како власт и опозиција“.
„Го слушам премиерот Мицкоски оди по митинзи и зборува како да сме лани, како да е се уште во опозиција. Не обвинуваа лани за криминални тендери за перење пари, за несоодветни теми кога пред неколку недели неговата влада, неговите луѓе потпишуваат договори со истите тие фирми за коишто не обвинуваа. Се што сега очекував е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес-конференција во Белата палата и да го нарече неговиот премиер криминалец. Ете тоа е нивното лицемерие“, рече Филипче и додаде дека „ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ мора да запре, затоа што нема светла иднина со лаги“.
Македонија
Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанскиот собир во Македонска Каменица.
„Ова не се само локални избори“, додаде тој. „Граѓаните имаат можност со својот глас да испратат порака: доста е, државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето,“ истакна Филипче.
„Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж.“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Ние настапуваме со чесни и посветени луѓе. Таква е Соња Стаменкова – поранешна градоначалничка која покажа што значи да си го сакаш својот дом и да работиш за него“, подвлече тој.
„Мотивот за нејзината кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што општината назадуваше во секој поглед“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост, со идеја државата да биде дом за сите, не за неколкумина привилегирани.
Македонија
Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Ристо Манчев, кандидат за градоначалник за општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќајќи се кон присутните истакна дека изминатите четири години се доказ дека општина Босилово стана симбол за посветена работа и труд, отворено градилиште и симбол за заедништво и соработка со граѓаните. Манчев посочи дека изминатите четири години општина Босилово се градела, развивала и препраснала во една од најубавите рурални општини во Македонија. Манчев се осврна на ветените и реализирани проекти од изминатите четири години управување со општината Босилово.
„Постигнавме најголем напредок во областа на изградбата на локалната патна инфраструктура го изградивме локалниот пат од Турново кон Иловица и Штука, од Босилово кон Еднокуќево, од Бориево кон Колешино, од Робовски пат кон Муртино, го проширивме патот од Дрвош кон Хамзалии, започнавме со реконструкција на локалниот пат од Турново кон Бориево, а задутре започнува и реконструкцијата на локалниот пат Турново – Радово. Во изминатите 4 години изградивме околу 40 улици. Се реконструираше училиштето во Иловица и Секирник, моментално се работи во Еднокуќево, а во наредните четири години ќе ги реконструираме и училиштата во Босилово, Турново, Сарај и други места. Започнавме со изградба на фекална канализација, изградивме 4 бетонски одводни канали, 6 повеќенаменски спортски игралишта, тротоари, пешачки патеки“.
Манчев, во продолжението од своето обраќање ги посочи и проектите предвидени во програмата за општина Босилово за наредните четири години, при што напомена дека истата е реална и остварлива, креирана со визија и идеи кои значат решенија и проекти од сите области во сите населени места во општина Босилово.
„Ќе продолжиме да градиме улици и патишта. Ќе продолжиме со изградба на одводни канали и фекална канализација во Моноспитово, Босилово и другите населени места, ќе отвориме уште две детски градинки, ќе направиме модерни повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места, ќе ја унапредиме работата на комуналното претпријатие и конечно ќе ги изградиме долгоочекуваните водоводи во најкритичните населени места. Почнуваме со изградба на водовод во Иловица, Штука, Дрвош и Гечерлија. Денес имаме општина без долгови, општина со поддршка на централната власт и затоа знам, верувам и убеден сум дека општина Босилово ќе продолжи да се гради.“
На крајот, Манчев ги повика граѓаните на општина Босилово на 19 октомври да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО- ДПМНЕ.
„На 19 октомври, заокружете го бројот 9 и избери Совет и градоначалник, избери твој човек, кој ќе се грижи за твоето место и за твојата иднина“, порача Манчев.