Македонија
(Видео) Димовски предлага три историски документи да се вметнат во преамбулата
Три историски документи да се вметнат во преамбулата на Уставот, предложи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој побара да се додадат Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското кресненско востание од 1878, Уставот на ТМОРО од 1896 и Уставот од 1991 година. Испирација за овој предлог, како што рече, било вметнувањето на Охридкиот рамковен договор во нацрт-амандманите.
„Имам дилема дали да стои Охридскиот рамковен договор, но образложенеито на премиеот го прифаќам дека тој е во Уставот само името дека го нема. Има уште три правни документи кои трeбa да се во преамбулата. Првиот е правилата на македонскиот востанички комитет од Македонското кресненско востание од 1878 година. Во него се утврдува концептот на идната македонска држава. Во него разработени се меѓунационалните односи, односите со соседните народи и разработени се и социјални прашања“, рече Димовски.
По него премиерот Зaев рече дека ќе се консултира со правни екпсерти за предлозите бидејќи, според него, немало ништо лошо во нив, особено ако тоа би придонело во иднина да се зголеми бројот на пратеници кои ќе размислат за поддршка на амандманите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

