Македонија
Димтриевски: Претседателот на државата, како фактор на стабилноста, ја црпи силата од граѓаните и не може да се бира во Парламентот
Претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски денеска се обрати пред граѓаните на Кичево.
„Храбриот човек умира еднаш, а плашливиот умира секој ден. Јас не сакам да умирам секој ден,а верувам и вие“, рече тој во почетокот на
обраќањето. Сакам да упатам неколку пораки. Прво, дека доколку станам Претседател на Македонија, ќе ставиме крај на монолитното веење на знамињата низ цела Мкаедонија. Оваа држава има државно знаме, а ќе ги почитуваме сите. Мора да се почитува тоа што е напишано согласно уставот и законите. Второ, никогаш нема да се сложам со уставни измени кои го редефинираат изборот на Претседателот на државата, со избор
во парламентот, а не од страна на граѓаните. Затоа што тој својата сила и улогата на фактор за стабилност ја има од силата што ја црпи од граѓаните. Тие му ја даваат моќта на Претседателот, а политичките партии му ја одземаат и го релативизираат. Македонија заслужува да има Претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе се грижи за граѓаните“, додаде Димитриевски.
Тој рече дека граѓаите на Кичево најдобро знаат низ што поминувале сите овие години и проддолжи: „ И ако сметате дека треба да ги поддржите оние што се вртат во круг 30 години, а никој не размуслува за граѓаните и националите и државните интереси, тогаш почитувани, продолжете така. Но, јас мислам спротивно од тоа. И оваа, а и претходната власт треба да се казни. Дали има можност во Македонија за прв пат да се гласа за, а не против. Има. Тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, потенцира Димитриевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје
Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка“, напиша Силјановска Давкова.
I was deeply shocked to hear the news of the heinous attack against the Slovak Prime Minister Robert Fico. We pray for his health and swift recovery! Our thoughts are with his family and the people of Slovakia.
— Гордана Силјановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) May 15, 2024
Словачкиот премиер Роберт Фицо е затрелан по владин состанок, околу 150 километри североисточно од Братислава.
Обидот за атентат се случил кога Фицо отишол меѓу насобраните луѓе.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со два до три куршуми во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.
Напаѓачот е уапсен на самото место.
Словачките медиуми јавуваат дека состојбата му е многу тешка и ќе биде опериран.
Македонија
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка.
– Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте, стои во објавата на Министерството за правда.
Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција.
Палевски со возила без полициски ознаки пристигна во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.
Македонија
Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка
Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција.
Палевски со возила без полициски ознаки пристигна во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.
Претходно неговата партја Десна објави на „Фејсбук“ дека тој слетал во Скопје.
И Министерството за внатрешни работи потврди дека Палевски стигна во затворот во Шутка.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје“, велат од МВР.
Палевски е првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес.