Македонија
Директорката на АД „Аеродроми“, Халими, му дала службено возило за управување на малолетно лице, велат од Левицата

„Скандалозниот избор на поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС, Миликије Халими, ги потврди партизацијата и заробеноста на државата, која Македонија ја претворија во хибриден режим. Оваа вечна функционерка на СДС, со средно медицинско образование, ќе раководи со двата меѓународни аеродрома (во оној дел што не е под концесија на ТАВ), како и со спортските аеродроми“, велат од Левицата.
„За непрофесионалното работење на Халими, говори податокот до кој дојде Левицата, според кој Халими била правосилно осудена додека била градоначалник на општина Арачиново. Имено, во 2019 година, Судот пресудил дека општина Арачиново преку Миликије Халими, со пропуштање должен надзор, му дозволиле на возачот, кој е малолетно лице, да управува со нивното возило, без да стекне право за управување моторно возило – факти според кои се утврдува постоењето на прекршочната одговорност! Ова го потврдува непрофесионалното работење на партиските кадри на Заев, кои продолжуваат да ги уништуваат државните институции и под владеењето на Ковачевски. Како Халими ќе раководи со стратешки ресор, како што се аеродромите, кога веќе на суд е докажано нејзиното недомаќинско работење во општина Арачиново“, соопшти Левицата.
Од таму бараат итно разрешување на Миликије Халими од позицијата генерален директор на АД „Аеродроми“.
„Бараме Владата да ги надмине своите теснопартиски интереси и итно да ја разреши Миликије Халими од позицијата генерален директор на АД ‘Аеродроми’“!, додаваат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.
Македонија
СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од растечкото незадоволство кај граѓаните

„Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ не се ништо друго освен обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде. Смета ли Мицкоски навистина дека граѓаните не гледаат што се случува“, прашуваат од СДСМ.
„Дека ќе поверуваат дека нема корупција, додека институциите се претвораат во партиски испостави? Дека ќе поверуваат во реформи, додека најважните ветувања од програмата останаа на хартија?
Владата нема со што да се пофали, па сега преку лажна помпа се обидуваат да го деморализираат нардот да ги казни на изборите.
Попусто се обидува Мицкоски да создаде илузија на поддршка која одамна ја нема. Вистината е болна за ВМРО-ДПМНЕ, по само една година владеење, народот е разочаран, ветените промени не постојат, а секојдневието на граѓаните е сè потешко.
Гледаме институционален хаос, партизација без срам, нула реформи во правдата, афери без разрешница и молк за сите скандали кои ги тресат институциите.
Во ваква состојба, Мицкоски може да повторува колку сака дека нема корупција и дека владата функционира стабилно, но народот не живее во наративот на премиерот, туку во реалноста што ја создаде неговата неспособна влада. И таа реалност е сурова.
Изјавите на Мицкоски не се израз на сила, туку одраз на паника. Паника поради изгубената доверба, растечкото незадоволство и се појасната порака од граѓаните, ова не е промената што ја очекуваа“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ заедно со припадниците на Батаљонот за специјални сили „Волци“, согласно условите на теренот, известија од ДЗС.
Стојанче Ангелов, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи ги предводеше активностите и на терен, на негов начин, рамо до рамо со специјалците. Акцијата којашто е стратешки превентивна мерка, за што беше потребно многу работа, практично многу расчистување за да се направи пресеката – бришан простор широк дваесетина и повеќе метри на големиот срт долг неколку километри дури до езерото Козјак.
Инаку, после завршувањето Ангелов изврши извидување и се врати заедно со последните специјалци. Денеска е извојувана битка, но борбата продолжува за да се зачува што повеќе од прекрасната шумата во Јасен, велат од ДЗС.