Македонија
Некои училишта ги добиле учебниците, но не им ги доставиле на децата, тврди министерот Шаќири
Министерот за образование, Јетон Шаќири, и денес пред новинарите зборуваше за доцнењето на дел од учебниците оваа година споредувајќи дека, за разлика од лани, сега станува збор само за учебните материјали за шесто одделение.
Тој рече дека според информациите што ги имаат, учебниците се доставени во поголемиот дел од основните училишта од градот Скопје и другите градови, а за онаму каде што не се, ќе побара анализа од службите за колку училишта станува збор.
„Постапките за учебниците по природни науки, математика и македонски јазик се завршени и треба да бидат доставени до основните училишта. Затоа дискусијата сега се води само за шесто одделение и ќе побарам детаљна анализа за кои училишта и региони станува збор“, рече Шаќири.
Според информациите на Министерството за образование, има училишта што ги добиле учебниците, но сè уште поради некои причини не ги доставиле кај децата, дополни министерот.
Прашан дали некој ќе понесе одговорност за доцнењето, Шаќири рече дека од оваа година во Бирото за развој на образование има нов директор и вреди да се спомене дека не дошло до доцнење со свидетелствата, а програмите во трето одделение се доставиле навремено. Што се однесува до седмо одделение, каде што од оваа година се работи според нова образовна програма, Шаќири дал краен рок постапката да биде завршена до крајот на ноември. Ако дотогаш не стигнат програмите, министерот најави дека ќе побара одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.