Македонија
Директорот на битолската болница дава оставка по смртните случаи на Јана и бебето, откако министерот го охрабрил да се повлече

Докторот Александар Обедниковски, кој е директор во битолската болница каде починаа бебе и петгодишно дете, поднесува оставка од функцијата. Тој бил охрабрен да го стори ова од министерот за здравство Фатмир Меџити. Од министерскиот кабинет за „Макфакс“ посочуваат дека очекуваат истата и на писмено да ја добијат.
„Да, ние го охрабривме да поднесе оставка од морални причини“, велат од Кабинетот на министерот Меџити, кој денеска беше во контрола на битолската болница.
Го контактиравме и Обедниковски, само кратко ни одговори: „Поднесувам оставка од морални причини“.
За три недели, во битолската болница имаше два смртни случаи. Почина петгодишната Јана Христова, а причините за ова се уште се непознати. Обдукцијата не е завршена.
Нов смртен случај имаше вчера, кога почина штотуку родено бебе. Имало обид за реанимација – но неуспешен. Министерот за здравство информираше дека имало тахикардии – телото е дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.