Македонија
Директорот на БЈБ предводи делегација на МВР на конвенција за истражители за внатрешни работи во САД
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оваа недела предводи делегација на Министерството за внатрешни работи која учествува на „Националната конвенција за истражители за внатрешни работи“ во САД.
Учеството на делегацијата на МВР е организирано и поддржано од Министерството за правда на САД и Амбасадата во Скопје, преку полициското аташе Мајкл Беки и тимот на ИЦИТАП Македонија.
Темите на работилниците во склоп на конференцијата меѓу другото вклучуваат- најдобри практики поврзани со поплаки за пристрасно полициско постапување, истраги за употреба на сила, лидерство и транспарентност.
„Денеска остваривме и средба со Вирџинија Глисон од ФБИ-Асоцијацијата за развој во спроведување на законот, а на средбата дискутиравме за вклучување на процедуралната правда во процесот на внатрешни работи и одговорност, воедно заеднички ги разгледавме и потребите и можностите за идна заедничка соработка. Задоволство ми беше да дискутирам за овие важни прашања поврзани со темата интегритет и нивната примена кај нас“, потенцираше Јанев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

