Македонија
Николовски на регионален состанок: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

„Се зајакнуваат капацитетите и надлежностите на Граничната меѓуагенциска единица на царинските и полициските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при што единицата ќе делува и на аеродромот во Охрид. Борбата со организираниот криминал бара ефикасен и брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми во Југоисточна Европа. Ние мора да возвратиме посилно и со здружени сили кон секој обид за криминал“, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на првиот регионален состанок на Управувачкиот комитет за Фаза 2 на „Програмата за промовирање на владеење на правотo и добро владеење, преку спроведување на мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми за Југоисточна Европа“, како заедничка активност на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, што се одржува во Тирана.
На настанот присуствуваше и заменик директорот Гарип Каба.
На овој прв регионален состанок учествуваа директори на царински управи и гранични полиции на земји од Југоисточна Европа, претставници на Европската Комисија, Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и Светската царинска организација. Истиот се организира под покровителство на ЕУ, СЦО, УНОДЦ.
„Граничните меѓуагенциски единици добиваат и разменуваат разузнавачки информации во реално време, што резултира со ефикасни акции и фаќање на сторителите. Истовремено, соработката на меѓународно ниво и поддршката која ја добиваме од ЕУ, Канцеларијата на Обединетите нации, Светската царинска организација, Интерпол и други организации, допринесува кон заедничка и систематска борба против организираниот криминал и подобрување на безбедноста на глобално ниво“, истакна Николовски.
Целта на Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН е сузбивање на организираниот криминал и криумчарење на забранети супстанци како и спречување тероризам преку ефективен и координиран одговор на царинските и полициските службеници преку воспоставување единици на граничните премини на меѓународните аеродроми и пристаништата во Југоисточна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски го свикува кризниот штаб поради состојбата со ѓубрето

Општина Центар свика кризен штаб поради состојбата со сметот во градот, а со тоа и во општината, оценувајќи ја како крајно загрижувачка.
Бидејќи нема информација дали и кога Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжат со собирањето на сметот неопходни се итни и кризни мерки на општинско ниво, велат од Општината.
Се додава дека во текот на вчерашниот ден и ноќта, ЈП „ПОЦ“ продолжи со собирање на сметот и се работи во две смени. Акцијата продолжува секој ден.
Македонија
Лабудовиќ: За секој ученик во центар субвенција за таблет или лаптоп

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка што ќе биде дел од неговата програма за дигиталната писменост како поддршка на младите – субвенции за таблети и лаптопи за сите ученици од петто одделение во општина Центар.
„Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и учебникот. Ако сакаме децата да бидат во чекор со времето, мора да им овозможиме еднаков пристап до современи алатки за учење. Затоа, воведуваме мерка со која секое дете ќе добие поддршка од 3.000 денари за таблет или 6.000 денари за лаптоп. Ова е конкретна помош за родителите, но и вистински чекор кон модерно, рамноправно и достапно образование за сите,“ изјави Лабудовиќ.
Според него, оваа мерка не е само финансиска поддршка, туку инвестиција во знаење, иднина и еднакви шанси за сите ученици. Со неа, Општина Центар ќе стане пример за тоа како една локална самоуправа може да придонесе за поголемо ниво на дигитална писменост и поддршка на младите генерации.
„Сакаме децата во Центар да имаат исти услови за учење – без разлика на тоа од какво семејство доаѓаат. Сакаме сите да имаат еднаква можност да учат, да истражуваат и да се надградуваат. Затоа што секое дете заслужува поддршка, а секој родител заслужува сигурност дека неговото дете има фер старт во животот,“ истакна Лабудовиќ.
Оваа мерка е дел од пошироката визија за модерна, дигитална и напредна општина, која вложува во младите како највреден капитал на општеството.
„Образованието е највредната инвестиција што можеме да ја направиме – затоа што вложувајќи во нив, вложуваме во нашата иднина. Центар ќе биде општина што ги отвора
вратите кон дигиталниот свет, општина која стои зад секое дете со конкретна поддршка, визија и верба дека секој ученик може да успее,“ додаде Лабудовиќ.
Со оваа иницијатива, Центар ќе направи уште еден голем чекор напред кон еднакво, достапно и современо образование, подготвувајќи ги најмладите за предизвиците на новото време.
Македонија
ВЛЕН: Изборите беа локални, но поразите на НАИ се национални

Очајните обиди на поразената НАИ да ги преведе изборите од 19 октомври во „мандати за пратеници“ се доказ дека оваа коалиција не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста, велат од „Влен“.
„Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија, во лица кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да му понудат на народот. Тие избраа политика на резултати, а не политика на страв.
Дури ни телевизиските толкувања на превртените бројки не можат да го променат фактот дека сега е неоспорно дека ВЛЕН ја покрива целата политичка карта на Албанците. И ова е единствената карта што се брои, онаа на слободната волја на граѓаните.
Изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани, Кренар Љога и некои други, кои смислуваат имагинарни графикони за „идни пратеници“ што никогаш нема да ги видиме, се доказ за паниката што ја зафати селотејп коалицијата. Тие сè уште не ја разбрале пораката на народот дека е време за реформи, а не за измислување бајки за да ги држат будни милитантите.
Четири дена по ред, нивниот „неоспорен“ лидер, Али Ахмети, не се појави никаде. Можеби сè уште чека да му бидат прикажани резултатите од „референдумот“.
Им посакуваме на Арбер Адеми, Блерант Рамадани и Кренар Љога почести јавни настапи. Секој пат кога ќе проговорат, НАИ губи илјада гласови. И ние, искрено, немаме ништо против тоа“, се додава во соопптението.