Македонија
Директорот на Царинската управа: Се отвораме кон сите земји во регионот, целта е унапредување на економската соработка и сузбивање на нелегалната трговија

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутира на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик-директорот Гарип Каба со советникот за економски и трговски прашања при Амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус, и секретарот за економски и трговски прашања, Василис Гаѕарас.
„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот, при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот сè со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и совпаѓање на податоците“, истакна директорот Николовски.
На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинската управа за отворање на нов граничен премин Маркова Ногам како и за можноста за размена на информации во реално време во рамките на SEED-системот од грчка страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими мароканскиот министер за надворешни работи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Насер Бурита, министер на Кралството Мароко за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, кој престојува во официјална посета на земјава.
Според неа, Мароко, како една од водечките земји во МЕНА регионот е природен политички и економски мост меѓу Европа и Северна Африка, со клучна улога во регионалната стабилност и просперитет, како и во гарантирањето меѓународен мир и безбедност.
Министерот Бурита, во својата прва официјална посета на македонската држава, препознава почеток на нова ера во градењето меѓусебни односи.
Сиљановска-Давкова ја истакна важноста од меѓусебната соработка во меѓународните организации, а особено во рамките на ОН, Меѓународната организација на франкофонијата, како и во Унијата за Медитеранот.
За соговорниците, Билатералниот договор за културна соработка, којшто владите го потпишаа во декември минатата година, ќе го продлабочи меѓусебното разбирање и почит.
Мароканскиот министер изрази подготвеност за стратешка соработка во сферата на енергијата.
Тој, во името на мароканскиот крал, ѝ упати покана за посета на Кралството Мароко.
Македонија
Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници

Денеска (21.07.) во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.
Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август.
„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект како и обезбедување други сервисни потреби. Полицајците од Србија нема да имаат полициски овластувања и при реализација на полициската работа на терен ќе бидат обврзани да постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да го носат службеното оружје и ќе даваат само поддршка на полициските службеници од Охрид“, велат од МВР.
Српските полицајци пред стапувањето на работната задача детално биле запознаени со законотите во земјата.
Македонија
Арсовска до ВМРО-ДПМНЕ: Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат

Градоначалничката на град Скопје секојдневно е мета на напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои со жив штит го бранат Висар Ганиу иако за истиот над 3000 страни цврсти докази за злосторничко здружување, фалсификати, перење пари и злоупотреба на службена должност и овластување се доставени до јавното обвинителство, соопштија од Град Скопје.
Арсовска се огласи преку статус на оцијалните мрежи.
„Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат, бидејќи народот гледа и реагира дека не постапуваат против криминалот.
Денес му напишале 3 реченици на еден во штаб да ги прочита против мене, а Изет Меџити на Канал 5 го викнале на поправно интервју бидејќи на претходното излажа дека сум го тепала командант Барути. Да видиме вечер што ќе измисли. Подгответе се за нежно интервју без вистинските прашања.
Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама, наспроти сите нив. Бидејќи сега “се разбудив”, да прашам додека “спиев” да не ги уапсија криминалците од ДУИ и Заев“, пишува Арсовска.