Македонија
ДКСК да отвори предмет за скандалот со кумската врска во Штип, велат од СДСМ
Од СДСМ велат ДКСК да го истражи скандалот со кумската врска во општина Штип за тендер за ЈП „Исар“ вреден 20.000 евра.
„Имено, Општина Штип, предводена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов, ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендерот, кој го има добиено фирма на чии сопственици зет за ќерка им е лицето Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот Иван Јорданов. За сомнежот да е уште поголем, лицето Методи Јорданов е член и на управниот одбор на претпријатието ЈП ‘Исар’, кое го доделува тендерот“, велат од СДСМ.
Според нив, ДКСК треба да оформи предмет и да утврди затоа што постои основен сомнеж за судир на интереси.
„Како тоа тендери од илјадници евра завршуваат кај кумашини секогаш кога ДПМНЕ е на власт?“, прашуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

