Контакт

Македонија

ДКСК: Планирањето 1 денар за квадрат во Центар е можнoст за зделки меѓу планерот и сопствениците

Објавено пред

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди дека подготовката на планот „Ново Маало 2“ за еден денар за квадратен метар не ѝ остава на Општина Центар ефикасен механизам за заштита доколку планот не е изготвен навреме и неквалитетно. Договорот со „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје има одредби што го обврзуваат да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 10 % од вкупната вредност на услугите што се предмет на договорот. Предвидена е и договорна казна во износ од 1 промил од вкупната договорена цена на услугите за секој ден задоцнување ако услугите не се завршат во предвидениот рок. Казната не може да надмине 5 % од вкупната вредност на договорот.

dobivaj vesti na viber

„Имајќи ја предвид вредноста на договорот (1 денар), произлегува дека во овој случај Општината не располага со адекватни и ефикасни правни механизми за наплата на штета и постои ризик од ненавремено и неквалитетно извршување на договорот, без сериозни правни и финансиски последици за економскиот оператор, дотолку повеќе што се доведуваат во прашање квалитетот на уредувањето и хуманизацијата на просторот, како и заштитата и унапредувањето на животната средина. Оваа состојба комисијата за ЈН требало да ја согледа и да ја земе предвид при оценувањето на прифатливоста на образложението за невообичаено ниската цена доставено од страна на економскиот оператор ’Билд урбан’ ДООЕЛ Скопје“, утврдила ДКСК кога на сопствена иницијатива отвори предмет за планирањето 1 денар за квадрат во Општина Центар.

Антикорупцинерите не утврдиле слабости во спроведување на тендерската постапка спротивни на Законот за јавните набавки, но сметаат дека за одбележување е поединечниот договор со „Билд урбан“ оти предмет на договорот е изработка на план кој претходно е изработен од истиот планер, а со одлука на Советот на Општината не се применува поради неусогласеност со ГУП. Неусогласеноста се однесува на развиена бруто-површина, максимално дозволена густина на населеност, односно максимален дозволен број жители – корисници на просторот.

Овој план го опфаќа и паркингот спроти „Холидеј ин“ за чија продажба, реализирана во време на мораториум кога ДУП-от се ревидира и може да претрпи измени, ДКСК веќе се произнесе и укажа дека постои реален ризик од влијанија на сопствениците на тоа земјиште врз натамошната постапка на ревидирање и донесување на ДУП-от од страна Советот на Општината.

„Фактот дека планот се изработува по исклучително ниска цена го зголемува и ризикот од коруптивно однесување, односно склучување коруптивни зделки помеѓу планерот и сопствениците на земјиштето, кои се идни инвеститори“, сметаат антикорупционерите.

Од увидот во документацијата антикорупциската утврдила и дека забелешките што Комисијата за урбанизам, формирана од градоначалникот, во повеќе наврати ги упатувала до планерот, не се прифатени во целост, а Општината како нарачател на услугата не го искористила правото да не ја прифати извршената услуга, кое е предвидено во договорот со економскиот оператор.

Антикорупционерите утврдиле и дека градоначалникот не постапил во согласност со Законот за просторното и урбанистичкото планирање, со кој е предвидено обезбедување инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање преку задолжително формирање партиципативно тело, кое ги претставува ставовите, мислењата и интересите на граѓаните, граѓанските организации, но и на стручната фела како најодговорна за оценка на плановите од аспект на почитување на стандардите за изработка на квалитетни планови насочени кон јавниот интерес. За формирање на ова тело не е објави јавен оглас на веб-страницата на Општината, ниту во писмена форма е изложен оглас на јавно место во траење од 30 дена, како што пропишува законот.

Поради сите забелешки, антикорупционерите препорачуваат градоначалникот и Советот на Општината особено да водат сметка за квалитетот на плановите што ќе ги донесат, притоа имајќи предвид дека ДУП треба да биде усогласен со ГУП, донесен во 2012 година, со важност до 2022 година, и задолжително формирање партиципативно тело и обезбедување инклузивност, партиципативност и јавност на процесот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Кривична за прилепчанец поради сомнеж дека фалсификувал свидетелство за да полага за возачка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение.

Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Перински во посета на Општина Куманово во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“

Објавено пред

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите механизми за поддршка.

Перински ги информираше присутните и за динамиката на активностите на Министерството во наредниот период, при што беше нагласен јасниот фокус на институцијата – зајакнување на локалните капацитети, поддршка на развојни проекти, создавање на услови за поттикнување на меѓуопштинска соработка и подобрување на услугите за граѓаните.

Во рамки на посетата беше посочено дека од минатата недела се активни двата јавни повика на министерството, наменети за проекти што придонесуваат кон рамномерниот регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се издвоени вкупно 223.423.000 денари. „Ги охрабрувам сите општини активно да ги искористат овие повици и да аплицираат со квалитетни предлог-проекти“, порача Перински.

При посета на општината се изврши и увид во проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, кој се реализира во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) со Бугарија, во рамки на Приоритет 1: Позелен пограничен регион.

Проектот е насочен кон унапредување на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку развој на зелена инфраструктура.

„Да ги зголемиме зелените површини во градов, со цел почиста животна средина, со акцент на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со примена на една од долгорочните мерки за намалување на загадувањето, а тоа е оззеленување и пошумување со квалитетни садници.“, нагласи градоначалникот Димитриевски.

Вкупната вредност на проектот за Куманово изнесува 343.090 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа. Проектот опфаќа засадување на 510 дрвја и уредување на мали урбани градини на три кружни текови како и активности насочени кон подготовка на стратешки и „меки“ мерки за развој на зелената инфраструктура и зајакнување на капацитетите на партнерите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

Објавено пред

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце, со реакција во јавноста се огласи и Јане Ченто.

dobivaj vesti na viber

„Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор.
Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома“, објави тој на социјалните мрежи.

„Со камери во мојот дом докажав дека сум бил дома. Докази имаше. Снимки имаше.
Од МВР тврдеа спротивно – и никому ништо, помина нивното.
Сѐ беше џабе.
5 и кусур години ме влечеа по судови за нешто што знаеа дека не постои.
На крај – правосилна пресуда во моја корист.
Вистината исплива.
Но изгубеното време, притисоците, понижувањето, кој ќе ги врати?
Кога ќе ги гледам денешните правосудни „аршини“, не можам да премолчам.
Правдата во оваа држава очигледно не е иста за сите.
Може да нѐ наречете како сакате неколку од нас што не губиме надеж за тоа дека еден ден ќе дојде правда, но тоа е, ние ќе се надеваме.
И да, ми се гади од лицемерието.
Толку“, пишува тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија2 часа

(Видео) „Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ“, вели Димитријевиќ

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница,...

Македонија2 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа4 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија4 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија5 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија5 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет5 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет5 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа6 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа6 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа7 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија17 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија22 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија1 ден

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...