Македонија
Договорот за промена на името може да биде ратификуван до крајот на денот

Комисијата за европски прашања во 15 часот треба да почне со разгледување на предлог-законот за ратификација на договорот со Грција. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на комисијата, со тоа времетраењето на седницата ќе биде скратено, а договорот може да биде ратификуван до крајот на денот.
Потребата за донесување на предлог-законот за ратификација на договорот за името со Грција беше изгласана со 69 гласа „за“ и 40 „против“. За време на гласањето против потребата за донесување на предлог-законот за ратификација на договорот беше пратеникот Ферид Мухиќ, кој е дел од владејачкото мнозинство, со образложение дека тој е против каков било договор за името.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.