Контакт

Македонија

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Објавено пред

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите не допре до македонските институции. Ароматичните никотински производи, кои светот ги забранува, кај нас се во слободна продажба, а единствен исклучок треба да биде возраста. Како и сите други производи од тутун, и тие се забранети за лица под 18 години, но едноставна прошетка до најблиското училиште покажува дека огромен број деца излегуваат токму со електронски цигари в рака.

dobivaj vesti na viber

„Вејпање“, броење хитови и земање џус се меѓу главните теми за расправа на секој одмор во училиштата. „Макфакс“ побара објаснување за значењето на оваа нова терминологија, но и за тоа дали знаат дека се штетни и забранети во многу земји.
„Многу е едноставно, ‘вејпање’ е пушење оти ‘вејп’ се вика цигарата, хит е едно повлекување чад од цигарата, а џус не е сок за пиење, туку течност со некаква арома за електронска цигара. Има секакви ароми и вкусови. Штетни се, да, ама па и многу други работи се штетни“, вели средношколка, која сведочи дека и во основно училиште многумина пушеле електронски цигари и „вејпале“.

Освен на училиште, искуства за електронските цигари си разменуваат и на социјалните мрежи. Организирани во посебни групи може да прашаат сѐ што ги интересира, а може и да си купат цигари откога, едноставно, ќе излажат за годините оти официјалните продавачи имаат прашалник за возраста, па на оние што ќе се изјаснат како малолетни не им е дозволен пристапот.

Границата за пушење цигари е симната под 12 години

Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија, го потврдува она што се гледа во училиштата за масовната употреба и на класичните и на електронските цигари. Неговиот став е дека, без дилема, што побргу треба да се послуша препораката на СЗО и да се забрани употребата на ароматичните електронски цигари, кои се особен предизвик за младите.

„Најдобро би било да се забранат. Кај нас тие се резултат на влијание од странство, ние немаме свое производство на електронски цигари, па доволно е да се забрани увозот, но се работи за една огромна индустрија, која нема да исчезне тукутака. Затоа треба итно да се почне со предавања уште во основните училишта оти податоците покажуваат дека границата на луѓе што употребуваат тутун во разни форми е симната под 12 години, тоа значи уште во основно училиште. Тоа треба да нѐ загрижи. Треба да се воведат часови на кои психолози и социолози ќе им зборуваат за штетното влијание и ако успееме да спасиме пет деца, тоа е успех за кој вреди да се потрудиме“, вели директорот Зафировски и нагласува дека нашата земја е меѓу првите три на Балканот по употреба на тутун.

Главниот слоган, според Зафировски, треба да биде „Биди паметен, не почнувај“ оти ако само еднаш пробаш, лесно ќе се навлечеш, а потоа е тешко да се одвикнеш. Тој смета дека совети треба да даваат и лекарите, тргнувајќи од матичните, кои се првата линија, но и сите други, и тоа не само со зборови, туку и со личен пример.

„Страшно е што кај нас и лекарите не може да влијаат оти и голем број од нив ги употребуваат овие цигари, па се случува – како вие ми кажувате дека се штетни, а самиот ги употребувате? Ние на Клиниката имаме посебен тим со психолог, кој помага за одвикнување од цигари. Има понекој што доаѓа, обично тоа се наши пациенти, но нема континуитет. Доаѓаат два-трипати и се откажуваат. Наши пациенти, кои имаат ХОБС или астма, знаеме дека употребуваат електронски цигари, но кога ќе ги прашаме, не признаваат. Мислат дека се помалку штетни, а ние како лекари немаме дилеми дека се штетни. Електронските цигари и уредите за згревање тутун, каков и да им е називот, се многу штетни. Високата температура што ја развиваат за да се загрее тутунот прави оштетувања и на горните и на долните дишни патишта. Ја оштетуваат слузницата и на трахејата и на белите дробови“, објасни директорот Зафировски.

Тој вели дека е во тек со сите нови истражувања на оваа тема и ги следи препораките за влијанието на електронските цигари и на оние со посебен мирис и вкус. Јасно е дека кардиолозите и пулмолозите во светот јасно укажуваат колку се штетни, но му пречи што сѐ останува само на препораки.

Канцеларијата за дрога и криминал на ОН ќе обучи 150 наставници за заштита од употреба на цигари, дрога и алкохол

Министерството за образование од оваа учебна година почнува со засилени активности преку кои ќе им укаже на учениците колку се штетни сите видови цигари. Воведен е слободен изборен предмет Учам за моето здравје за VII одделение за кој е изработен прирачник за наставници, направена им е и обука за начинот на предавање во соработка со Светската здравствена организација, а планирани се и активности во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

„Во учебната 2025/2026 година Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) и ЛЦИФ, ќе обучат 50 стручни соработници и 150 наставници во 50 основни училишта за реализација на превентивната програма ‘Вештини за адолесценција’. Станува збор за структурирана програма, која е базирана на докази, за превенција од користење цигари, дрога и алкохол и која досега со успех е имплементирана во 105 земји од целиот свет, преведена е  и се користи на над  40 јазици“, велат од Министерството за образование.

Освен новите активности, од Министерството за образование посочија дека за сите ученици има многу програми за наставни и воннаставни активности за заштита од злоупотреба на алкохол, тутун и дроги, во чии рамки се влијае и на употребата на електронските цигари. Списокот на активности од таму велат дека не е конечен, туку дека постои простор за унапредување на здравствената писменост во училиштата, ќе работат на тоа и секоја сугестија сметаат дека е вредна за разгледување.

ИЈЗ не ја исклучува можноста да иницира забрана за ароматични електронски цигари

Институтот за јавно здравје засега нема конкретни активности за постапување по препораката од Светската здравствена организација за забрана на ароматичните електронски цигари. Директорката Марија Андоновска вели дека сите досегашни препораки за заштита од пушењето се во согласност со Светската здравствена организација.

„Ние како Институт даваме препораки за заштита од пушење, кои се во интерес на јавното здравје онолку колку што ни дозволува законската рамка. Засега нема законска забрана за употреба на ароматични електронски цигари, но тоа не ја исклучува можноста да работиме и на иницијатива со која ќе се забранат. Употребата на електронските цигари кај нас бележи голем скок по либерализацијата на нивната употреба во 2021 година, односно откога употребата на електронски уреди за согорување тутун не се смета за пушење и тие не подлежат на забраните од Законот за заштита од пушењето“, вели директорката Андоновска за „Макфакс“.

Последното истражување на ИЈЗ за употреба на електронски цигари меѓу средношколците презентирано лани покажа дека има ученици што првпат пробале електронска цигара на 9 години и дека 29,6 отсто од учениците користеле електронски цигари, барем еднаш во животот.

Аромите во тутунските производи се манипулација со младите, алармира СЗО

Во мај годинава, по повод Светскиот ден без тутун, СЗО ги повика владите од целиот свет да ги забранат сите ароми во тутунските и во никотинските производи за да ги заштити младите оти аромите ја маскираат токсичноста на производите и ги претвораат во слатка мамка за младите. Според СЗО, вкусовите и аромите, заедно со шарената амбалажа и агресивниот маркетинг на социјалните мрежи, ја поттикнуваат зависноста и ја отежнуваат борбата против пушењето.

„Гледаме генерација што станува зависна од никотин преку кесички со вкус на гумени бонбони и ‘вапови’ во боите на виножитото. Ова не е иновација – туку манипулација и мора да ја запреме“, изјави д-р Рудигер Креш, директор за здравствена промоција во СЗО.

Според податоците на СЗО, над 50 земји во светот веќе забраниле ароматизиран тутун, повеќе од 40 забраниле продажба на е-цигари, 5 земји имаат забрана за еднократни е-цигари, а 7 земји забраниле ароми во е-цигари.

Оваа содржина е изработена во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, што го спроведува Институтот за комуникациски студии, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Македонија

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)

· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.

Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Времето во наредните денови

Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет24 минути

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет30 минути

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет34 минути

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија9 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет15 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион15 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија18 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет19 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија21 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија23 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...