Македонија
Доколку на вашите индекси имате „Северна“, ќе имате една оцена пониско: професорот Трајковски до студентите
Професорот од Филозофски факултет, д-р Владимир Трајковски на социјалната мрежа „Фејсбук“, испрати порака до своите студенти, дека не сака да види назив Северна на нивните индекси. Доколку го види тоа тие ќе имале една оцена пониско уште во старт.
„Држава на раѓање: Драги студенти, последипломци, докторанди, Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучиво само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!“, пишува во статусот на професор Трајковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

