Македонија
ДОМ: Веднаш да запрат градежните активности во Старата скопска чаршија!
Зелената партија ДОМ остро се спротивставува на градежните активности во Старата скопска чаршија и бараат веднаш да запрат ископувањата.
„Чаршијата е културно историско јадро и симбол на градот Скопје и секоја интервенција влијае на нејзиниот изглед и автентичност. Неслучајно со Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година Чаршијата е прогласена за културно наследство од особено значење и е под заштита на државата“, велат од партијата.
ДОМ бара надлежните институции, Управата за заштита на културното наследство, НУ Конзерваторски центар – Скопје и Општина Чаир детаљно да ја информираат јавноста за проектот за ревитализација на Старата скопска чаршија.
„Дали промената на калдрмата и витрините е според законските прописи и правила за заштита на културно наследство и дали се планира автентична реконструкција според историски извори?
Дополнително, ДОМ смета дека во овој период на корона-криза трошењето финансиски средства за ваква намена е непродуктивно и неодговорно. Затоа, бараме градежните активности во Чаршијата веднаш да запрат, а средствата да се пренаменат за справување со здравствените и социо-економските последици од пандемијата“, додаваат од ДОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

