Македонија
ДОМ: Колку каменоломи може да издржи Јабланица?

ДОМ го поддржува протестот на жителите од Лабуништа против големиот број каменоломи со кои е опкружено нивното место.
Зелената партија бара од Државниот инспекторат за животна средина итно да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ2,5 честички, како и загадувањето на водите и почвата. Дополнително, велат од ДОМ, треба да се изготви Стратешка оценка за влијанието врз животната средина на сите тие каменоломи на падините на планинскиот масив Јабланица.
„Според сегашните сознанија, се работи за вкупно 6 каменоломи, од кои четири имаат издадени Б-интегрирани дозволи, а другите се во фаза на добивање. Жителите на местата Лабуништа, Боровец и Јабланица, со над 15.000 жители, бараат да запре одобрувањето на нови концесии, а старите да се преиспитаат. Според нивните искази, живеат буквално затрупани во прашина и бучава, а болестите на дишните патишта се масовна појава“, подвлече ДОМ.
Од партијата укажуваат дека планинскиот масив Јабланица е еден од најубавите на Балканот и деловите што се наоѓаат во Албанија и Грција се веќе прогласени за национални паркови, додека во Македонија е отпочната иницијатива за прогласување за национален парк. Јабланица има извонредни природни вредности, меѓу кои е и богатиот биодиверзитет, со рисот како загрозен вид.
Целиот предел околу Јабланица има извонредни можности за развој на екотуризмот и обезбедување одржлив економски развој за жителите, по примерот на Вевчани, кое веќе израсна во туристичка дестинации за домашни и странски туристи, додаваат од ДОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.