Македонија
ДОМ: Правилникот за урбано зеленило доследно да се применува
Локалните советници од зелената партија ДОМ до секторите за урбанизам во општините и Град Скопје ќе го достават правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото, кој стапи во сила на 8.10.2019 година. ДОМ бара доследна примена на овој правилник како подзаконски акт на Законот за урбаното зеленило при изработка на идната планска документација и издавањето на дозволите за градба.
„Со Законот за урбаното зеленило, донесен во јануари 2018 година, се воведува целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита и реконструкција на зеленилото, финансирање и управување со него, како и надзор над примената на овој закон. Во него стои обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини, односно попис на целото зеленило по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м²/жител зелена површина на ниво на град за сите идни генерални урбанистички планови, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20 отсто. Во веќе изградени блокови се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардиниери, на покриви и на фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци независно од видот на сопственоста“, велат од ДОМ.
Доследното применување на овој закон и на правилникот, како што додаваат од партијата, овозможува зазеленување на урбанизмот, намалување на аерозагадувањето и климатските промени, поздрав и поквалитетен живот на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

